Топ 5 скопски кафичи кои заслужуваат да бидат посетени

Иако Скопје е мал град за разлика од многуте светски метрополи, сепак може да затане рамо до рамо со истите, кога станува збор за бројот и квалитетот на кафичите. Кога сме веќе кај нив, екипата на Пулс 24 одбра 5 кафичи кои заслужуваат да им се посвети внимание и да бидат посетени поради снабденоста, пријатниот ентериер, атрактивната локација и услужливиот персонал. Веруваме дека на повеќето од вас им се добро познати и се надеваме ќе се согласите со нашиот избор.
Броз – кафич кој постои долги години и држи стандард кога се работи за денските шеми. Се наоѓа на мошне атрактивна локација, посетен е од различен профил на луѓе и погоден е за сите возрасти. Овде често можете да сретнете некои од познатите „фаци“ во градот, а и фино ќе бидете услужени.
Тренд – место каде можете да го испиете утринското кафе но и да ги пробате највкусните специјалитети. Можете да отидете било кој ден од денот и нема да згрешите, секогаш има народ, убава музика и пријатна атмосфера. Се наоѓа во срцето на плоштадот Македонија, а токму поради сите горенаведени факти, е единствен кафич кој не изгубил на вредност дури 11 години.
Кала – кога се работи за Кала, ова е култно место за ноќни журки, каде излегува најелитната класа на луѓе. Особено е посетен во четврток и сабота, а најголема заслуга за тоа имаат познатите Дј-и со нивните сетови. Доколку се одлучите и денското кафе да го испиете токму во овој кафич, секако дека нема да погрешите.
Чао – кафич кој еднакво е добар и денски и навечер. Особено е познат по хип хоп журките во недела, каде посетеноста е на завидно ниво, а е особено пријатен и денски, па паузата од работа можете да ја искористите за да го посетите Чао. Во четврток има жива свирка – познатите Бени и Нонстоп, а саботите се резервирани за познатите македонски Дј-и кои секако ќе направат незаборавна атмосфера.
Излет – пријатна атмосфера, изолиран од сообраќајниот метеж, со многу зеленило и пријатен амбиент. Совршен за кафе муабет со пријателите.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Иако Скопје е мал град за разлика од многуте светски метрополи, сепак може да затане рамо до рамо со истите, кога стан

Пронајдете не на следниве мрежи: