Торта од лешници по рецепт на Џејми Оливер

Совршениот спој на сите состојки прави да уживате во првото парче од оваа прекрасна и лесна за подготовка, торта. Освен тоа, оваа торта е по рецептот на Џејми Оливер, познат англиски готвач чии рецепти со сигурност гарантираат необични, ароматични и многу вкусни јадења.
Потребно е:
115 г омекнат путер
125 г печени и многу ситно мелени лешници
125 г шеќер
4 јајца рендана кора од еден портокал
30 г брашно
125 г рикота сирење
2 лажици афионово семе
прстофат сол
3 лажици џем од кајсии, за премачкување
50 г рендано темно чоколадо, за посипување


Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.
– Земете едно тркалезно тавче за печење со димензија од 24 см, обложете го со хартија за печење и лесно намачкајте го со маргарин.
– Со миксер матете ги путерот и шеќерот додека да се растопи шеќерот. Потоа, една по една, додавајте ги жолчките.
– Исклучете го миксерот и ставете ја кората од портокал.
– Додадете ги просеаното брашно, рикотата, афионовото семе и прстофат сол. Измешајте со лажица.
– Белките изматете ги со миксер.
– Изматените белки полека и во неколку наврати додадете ги во смесата, полека, мешајќи со лажица. Не мешајте премногу или пребрзо, затоа што ќе спласне тортата, а белките ја прават воздушеста и мека.
– Ставете ја во тавчето и печете околу 25 до 30 минути, односно во зависност од тоа како ви пече рерната.
– Испечената торта оставете ја малку да се олади.
Џемот загрејте го со 4 лажици вода. Со џем премачкајте ја тортата.
На крај, од горе, ставете го изренданото чоколадо.
– Сервирајте со малку изматена слатка павлака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.