1 литар млеко
400 г шеќер
200 г мелен афион
100 г чоколадо
100 г маргарин
150 г мелени ореви
250 г мелени бисквити
2 инстант пудинга од ванила
2 шлаг крема од ванила
300 мл кисела павлака
500 г вишни без семки од компот
2 шлага
200 мл млеко
Во 500 мл зовриено млеко со 200 г шеќер сварете 100 г афион и тргнете од оган. Додадете по 100 г маргарин и чоколадо искршено на парчиња, и мешајте додека се растопат. Потоа додадете 150 г ореви и 250 г бисквити, измешајте ја смесата. Нанесете во намрсен калап бр 26 и ставете во фрижидер да се излади. Врз изладената и стегната смеса наредете ги вишните од компот.
Истатата постапка повторете ја со преостанатото млеко, шеќерот и афионот, и оставете смесата да се излади. Додадете ги прашокот за пудинг и шлаг крем, и изматете со миксер. Потоа додадете ја киселата павлака и повторно изматете со миксерот. Нанесете ја смесата во тавата и изладете. Премачкајте ја тортата со изматениот шлаг и укрсете со чоколаден прелив или по желба.