Оваа торта на изглед е толку прекрасна, при што ќе помислите дека за нејзината подготовка се потребни долги часови. Но, всушност е многу едноставна – ред пишкоти, ред бисквити, ред чоколаден крем.
Состојки: 2 јајца, 200 гр шеќер, 1 кафена лажица екстракт од ванила, 120 гр пченично нишесте, 40 гр какао, 1,5 л пресно млеко (разделено на 400 мл + 1 л + 100 мл), 200 гр пишкоти, 27 обични бисквити, Калап за торта 24 х 24 цм.
Начин на подготовка Изматете ги јајцата со шеќерот и екстрактот од ванила. Следно, додадете ги и нишестето и какаото и добро измешајте ги состојките, а потоа додадете 400 мл млеко и добро изматете со мискерот, до добивање мазна смеса. На оган поставете 1 литар млеко и во истото, додадете ја претходната смеса. Оставете смесата да зоврие, додека притоа непрекинато мешате. Оганот не треба да биде пресилен. Штом кремот ќе се згусне, оставете го на страна да се излади на 5 минути. За тоа време подгответе го садот со подвижно дно, покривајќи го со хартија за печење. Во едниот крај подредете 1 ред пишкоти, кои претходно сте ги потопиле во 100 мл пресно млеко.
До нив наредете ги и бисквитите, исто така претходно потопени во млеко. Продолжете со редењето, додека да го пополните целиот сад. На крај залејте ги бисквитите со изладениот крем и добро измазнете одозгора.
Складирајте го колачот во ладилникот, да отстои 8 часа.