Торта со кафе

Вкусен десерт, лесен за подготовка.
Состојки:
– 360 гр брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– малку сол
– малку цимет
– 4 јајца
– 150 гр шеќер
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 250 мл јако црно кафе
– 50 мл коњак
За премачкување:
– 1 јајце
– 30 гр сецкани бадеми и ореви
Глазура:
– 150 гр чоколадо
Подготовка:
Додадете малку сол во јајцата и заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер, кафето и коњакот пенасто изматете ги.
Измешајте прашок за печиво и цимет во брашното, а потоа додадете ги сувите состојки во изматените јајца.
Истурете ја смесата во намастено и тавче во кое сте просеале малку брашно и печете околу 35 минути на 180 степени.
Кон крајот на печењето, премачкајте ја тортата со изматено јајце, посипете со сецкани бадеми и печете кратко.
Кога ќе се олади, исечете ја тортата на правоаголници и прелијте ги парчињата со стопено чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.