ЗА ПАНДИШПАНИ
8 јајца
8 лажици шеќер
2 лажици брашно
150 г урми без семки исечени на парчиња
50 г исечени лешници
50 г кокосово брашно
100 мл засладено млеко
ЗА ФИЛ
800 мл млеко
250 г шеќер
2 пудинга од ванила
150 г бело чоколадо
200 г маргарин
2 кесички шлаг
200 мл млеко
Белките изматете ги со шеќерот. Додадете ги урмите, лешниците, брашното и кокосовото брашно, и промешајте со лажица. Од смесата испечете два пандишпана.
Сварете крем од млекото, шеќерот, жолчките и прашокот за пудинг. Чоколадото искршете го на парчиња и додадете го во тенџерето. Мешајте додека не се растопи и оставете кремот да се излади. Соединете го со изматениот маргарин.
Првиот пандишпан попрскајте го со млеко и филувајте го. Ставете го вториот пандишпан и попрскајте го со млеко. Филувајте ја тортата и нанесете го изматениот шлаг.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.