Торта „Тропикана“ – освежувачки десерт со ананас, кокос и ореви

Потребни состојки:
За кора:
180 грама брашно
280 грама шеќер
2 лажички сода бикарбона
2 конзерви ананас
2 јајца
40 грама кокос
За фил:
250 грама маскарпоне сирење
100 грама путер
65 грама шеќер во прав
120 грама сечкани ореви
1 ванилин шеќер


Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, додајте малку шеќер и сокот од ананас од конзервата.
Додајте ги брашното, сода бикарбоната, сечканиот ананас, кокосот и оревите и измешајте. Поделете ја смесата во 2 подмачкани плехови и печете околу 40 минути, на температура од 170 °С до 180 °С.
Колачот ќе биде многу влажен и најдобро е да стои во фрижидер цела ноќ.
Измешајте ги состојките за фил и нанесете го на двата дела од тортата, а потоа украсете ги страните и горниот дел.
Одозгора украсете со ананас или со друго овошје по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.