ТОРТИЛЈИ ЗА БРЗ ЛЕТЕН РУЧЕК!

Користете купени тортилји и намази за подготовка на овој оброк. Можете да ги јадете вака филувани веднаш, или ако сакате може да ги запечете малку во рерна со сирење, уживањето ќе биде уште поголемо …
Состојки:
пченична или пченкарна тортилја по ваш избор
лажичка хумус
парче сирење по ваш избор
половина пиперка
половина домат
половина мала краставица
грст лисја од свежа зелена салата
сол и бибер по желба
Подготовка:
Размачкајте го хумусот преку средината на тортилјата. Ставете зелена салата и парче сирење над хумусот. Додадете сецкан зеленчук. Додадете сол и бибер по желба. Завиткајте сè заедно во палачинка или тортилја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.