Тортиљи со пилешко и зеленчук

Потребни состојки:
-600 г пилешко бело месо
-8 големи тортиљи
-2 лажици маслиново масло
-2 црвени пиперки
-1 кромид
-300 г пченка
-сол, бибер и чили
-200 г рендан кашкавал
Состојки за сос:
-2 лажици маслиново масло
-2 лажици брашно
-400 мл супа од зеленчук
-100 мл пасирани домати
-1 лажичка лут црвен пипер
-2 лажички благ црвен пипер
-1 лажичка лук во прав
-половина лажичка оригано
-сол

Начин на подготовка:
Прво подгответе го сосот.
Загрејте ја супата во посебно тенџере. На умерена температура, во друг сад, на загреано масло додадете го брашното и мешајте две минути. кога брашното ќе пожолти, додадете од лутиот и благиот пипер, лукот и ориганото, па мешајте.
Потоа, малку по малку додавајте ја загреаната супа со постојано мешање. Додадете ги пасираните домати, посолете и оставете сосот да се вари околу 10 минути. Додадете сол или зачинете со зачини по вкус.
Исчистете го кромидот и ситно исечете. Пиперките исечете ги на коцки, пилешкото месо измијте го и исечете го на помали делови. На умерена температура оставете кромидот да се попржи околу 5 минути. Додадете ги пиперките да се пржат додека не омекнат, а потоа и пилешкото. Посолете, зачинете, додадете малку чили и пченка, па нека сè заедно се вари додека пилешкото не биде спремно.
Подгответе малку подлабок калап за печење и намрсете со масло.
Почнете со тортиљите, на секоја тортиља ставете по лажица или две од подготвениот сос, пилешко и малку рендан кашкавал, па замотајте ја тортиљата и ставете ја во плех.
Продолжете tака додека не ги потрошите тортиљите и месото. Остатокот од сосот прелијте го над тортиљите и потоа додадете го остатокот од ренданиот кашкавал.
Печете 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.