Без оглед на тоа какво месо ќе користите, овој сос ќе направи тоа да биде вкусно, сочно и егзотично.
Потребни состојки:
– 500 гр. пилешко филе
– 1 кромид
– 400 гр. шампињони
– чаша бело вино
– 2 чешниња лук
– 200 мл. павлака за готвење
– 150 гр. беби спанаќ
– 50 гр. чаден кашкавал
– 50 гр. сушен домат
– 50 гр. суви сливи
– сол и бибер
– италијанска мешавина од зачини
Начин на припрема:
Испржете го пилешкото месо. Тргнете го на страна, а во тавата во кое се пржело, додајте ги кромидот, лукот и печурките. Динстајте 10 минути, а потоа додајте го сушениот домат и сол и бибер.
Во тавата додајте го виното и динстајте додека течноста не испари. Ставете ги сувите сливи. Потоа, додајте ја павлаката за готвење и ренданиот чаден кашкавал. Додајте ја и италијанската мешавина од зачини.
На крајот додајте го беби спанаќот и динстајте уште 5-10 минути додека сосот не се згусне. Прелијте го врз месото.