Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати повик до Јавното обвинителство и сите надлежни институции да спроведат детална истрага не само за тендерот за набавка на полициски униформи, туку и за сите други тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост. Нагласи дека институциите треба да дејствуваат каде и да има индиции за неправилности.
Француско списание: Мицкоски зема огромни кредити и се оддалечува од ЕУ!
Повод за реакцијата е обвинувањето на опозициската СДСМ дека фирмата што добила рамковна спогодба за униформи е основана непосредно пред распишување на тендерот и има само двајца вработени. Тошковски категорично демантираше дека сопственичката е блиска пријателка на неговата сопруга, наведувајќи дека ниту ја познава, ниту има информации за нејзиниот идентитет.
При посетата на полициската станица во Жеровјане, министерот истакна дека договорот за униформи е само рамковна спогодба, без конкретни нарачки досега.
Потврди дека сите барани технички услови за квалитет се исполнети и најави дека процесот ќе биде транспарентно следен.
Во однос на обвинувањата за сива економија на автопатот Тетово–Скопје, Тошковски информира дека ќе биде запознаен со случајот и ќе излезе со детали до јавноста.
„МВР и понатаму ќе биде проактивна институција во борбата против криминал. Ќе продолжам да работам одговорно во интерес на граѓаните“, подвлече министерот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



