Нов, уште поголем од претходниот тендер за набавка на униформи, сега за шест илјади полицајци најави Министерството за внатрешни работи.
Ова доаѓа само две недели откако СДСМ обвини за сомнителна набавка на униформи за специјалната полиција вредна 3,8 милиони евра и доделување тендер на мало модно студио со ограничено искуство ,за кое опозицијата тврдеше дека е блиско со семејството на министерот.
Првиот човек на пшолицијата Панче Тошковски ова го нарече „обид за девалвација на тендерот“, па посочи пример за тоа како биле облечени полициски службеници кога тој бил технички министер.
Пред две недели СДСМ објави сомнежи за тендерот и побара истрага за можни нерегуларности и злоупотреби. Од партијата побараа јавно објавување на документацијата поврзана со тендерот и брза постапка од Јавното обвинителство. Демантирајќи ги шпекулациите за блискост помеѓу сопственикот на фирмата и неговата фамилија, и министерот Тошковски ги повика институциите да ги испитаат сите сомнежи за незаконитости поврзани со набавките во МВР. Од Антикорупциска велат дека постапуваат по овој предмет.
„Постапувањето по предметот за јавната набавка на Министерството за внатрешни работи за набавка на полициски униформи е во тек. По утврдување на фактичка сотојба во конкретниот случај, ќе биде донесена одлука на јавна седница на ДКСК.“
Во меѓувреме, властите се пофалија дека Македонија ќе стане регионален производител на пасоши и лични карти, со што ќе ја зголеми домашната автономија во управувањето со важни административни процеси и ќе овозможи развој на домашната индустрија поврзана со личната документација.