„Македонија ниту размислува, ниту има шанси да прифати да биде центар за прием на мигранти или локација за отворање кампови за мигранти“, изјави за AIM министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти во Брисел.
„Во изминатиот период се крена прашина, особено од страна на опозицијата, иако ова нема никаква врска со реалноста или логиката, дека Македонија треба да претставува некаков централен центар или соодветна почва за прифаќање мигранти, што не би било прифатливо ниту за ЕУ, ниту за земјите кои се традиционални пријатели на Македонија, како што е Велика Британија“, нагласи Тошковски.
Тој нагласи дека нешто вакво ниту е разгледано, ниту дискутирано од Министерството за внатрешни работи, ниту пак би било прифатливо за државата.
„Тука само би сакал да го нагласам она што претседателот и премиерот го кажаа денес, а претходно и министерот за надворешни работи, дека Македонија ниту размислувала, ниту размислува, ниту има каква било шанса да прифати во иднина да биде каков било централен центар или да отвора кампови за мигранти. Такво нешто немало, ниту ќе има“, нагласи Тошковски.
Во врска со законските прописи на ЕУ поврзани со Пактот за азил и миграција, Тошковски нагласи дека во рамките на процесот на членство во Унијата, она што ја очекува земјата ќе биде работата за усогласување на нашето законодавство со европските директиви во оваа област.
The post Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде центар за имигранти немаат никаква врска со реалноста appeared first on Во Центар.



