Во двеминутниот „одговор“ кон обраќањето на Бајден, објавен додека полека се празнеше салата во Претставничкиот дом, Трамп го обвини Бајден дека, со неговото справување со руско-украинската војна, ги води Американците (и светот) „до работ на Трета светска војна“, а го обвини и дека е „најкорумпираниот претседател во американската историја“.
Понатаму, Трамп ги опиша САД како земја нарушена со политичка корупција од администрацијата на Бајден и измачена од инфлација, а истовремено и под опсада од имигранти на јужната граница, обвинувајќи ги Бајден и „радикалните демократи“ за неуспех во имиграцијата и криминалот.
Трамп го осуди и начинот на кој актуелниот американски претседател се справува со трансродовите прашања.
„Неговата администрација води војна против слободата на говорот. Тие се обидуваат да ги индоктринираат и осакатуваат нашите деца. Тој нѐ води на работ на Трета светска војна. И згора на сето тоа, тој е најкорумпираниот претседател во американската историја“, рече Трамп.
Според Трамп, милиони имигранти без документи „се прелеале преку јужната граница“ и нарко картелите „сега заработуваат милијарди долари со шверц на отров за да ги убијат Американците и американските деца“
„Дивјачки убијци, силувачи и насилни криминалци се ослободуваат од затвор за да го продолжат својот бран од криминал“, обвини Трамп во тирадата.
Пронајдете не на следниве мрежи: