„Тој покажа подготвеност да ги реши проблемите преку дијалог, го поздравуваме тоа“ – Кремљ најави можен дијалог меѓу Путин и Трамп

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, претходно изјави дека во тек се подготовки за средба со Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина.Кремљ денеска објави дека рускиот претседател Владимир Путин е „отворен за контакт“ со американскиот претседател Доналд Трамп без предуслови. Од Москва беше соопштено дека ја поздравуваат подготвеноста на Трамп да ги „решава проблемите преку дијалог“.– Претседателот во повеќе наврати изјави дека е отворен за контакт со меѓународните лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател, вклучително и Доналд Трамп. Не се поставуваат услови, потребна е заедничка желба и политичка желба за решавање на конфликтот преку дијалог – изјави за новинарите портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.Тој токму оваа разлика му ја припиша на новоизбраниот претседател на САД.– Доналд Трамп ја покажа својата подготвеност проблемите да ги решава преку дијалог. Го поздравуваме… тргнуваме од заедничка желба за средба – рече Песков, но додаде дека засега нема конкретен план за тој разговор.Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, претходно изјави дека во тек се подготовки за средба со Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина. За време на предизборната кампања тој рече дека ќе стави крај на конфликтот во Украина во рок од 24 часа и веќе повика на итен прекин на огнот и преговори.Путин рече дека е подготвен да преговара под услов тие разговори да ја земат предвид „реалноста на теренот“ во Украина, каде руските сили, кои продолжуваат да напредуваат на исток, окупираа речиси 20 отсто од територијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: