Трагедијата во Кочани зема уште една жртва: Почина пациент кое се лекуваше во Белград

Трагедијата во Кочани ја зема и шеесет и втората жртва. Денеска претпладне на повредите им подлегна и Стојанче Стефанов од Кочани кој се лекуваше во Белград.

Пациентот е роден 2001 година.

Од Министерството за здравство велат дека станувало збор за тежок пациент кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. 

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

Пронајдете не на следниве мрежи: