Трагедија во Штип: Почина синот на Илчо Захариев

Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов Александар Захариев, 23-годишниот син на екс-градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Веста неофицијално ја потврдија од МВР.
И од Јавното обвинителство Делчево го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.
Телото на трагично починатото момче е предадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.