Во организација на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, беше одржана традиционална заедничка ифтарска вечера на која присуствуваа бројни претставници од верскиот, социјалниот и институционалниот живот во општината.
На заедничката трпеза присуствуваа имами од сите населени места во општината, претставници на вакуфските одбори, претседатели и претставници на месни заедници, како и претставници на општинските институции. На настанот беа присутни и советници од Советот на општината, претставници од општинската администрација, како и истакнати претставници на верските заедници кои делуваат на оваа територија.
Од општината посочуваат дека Рамазан е месец на солидарност, благодет и толеранција, а ваквите средби се можност за зајакнување на меѓусебната почит и разбирање меѓу граѓаните.
„Овие средби се доказ дека само заедно, со меѓусебно почитување и разбирање, можеме да градиме подобра иднина за сите“, беше порачано на настанот.
Од општината упатија порака дека духот на Рамазан треба да продолжи да ги обединува луѓето и да носи мир и благосостојба во секој дом.
The post Традиционална ифтарска вечера во Маврово и Ростуше со порака за единство и солидарност appeared first on Во Центар.



