четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп: Без директно да седнам со Путин нема да се одлучи ништо на мировните преговори

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп со студен туш за изгледите за напредок во напорите за посредување во прекин на огнот во Украина, велејќи дека нема да има исчекор кон примирје сè додека не седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин.„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ за време на неговата моментална турнеја на Блискиот Исток.Коментарите доаѓаат откако Путин стави крај на шпекулациите дека тој може лично да присуствува на преговорите и испрати делегација од пониските ешалони. Трамп сигнализираше дека и тој ќе присуствува доколку Путин биде присутен.„Не сум разочаран од ништо“, рече Трамп кога го прашаа дали е разочаран од делегацијата на пониско ниво што ја испрати Путин.„Очигледно, тој немаше да оди. Ќе оди, но мислеше дека и јас ќе одам. Немаше да оди ако јас не бев таму. И не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ви се допаѓа или не, додека тој и јас не се состанеме. Но, ќе мора да го решиме тоа бидејќи премногу луѓе умираат“, додаде Трамп.

Поврзани вести