Трамп верува дека мора да биде вклучен во изборот на новиот ирански лидер: „Исто како во Венецуела“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека треба да биде вклучен во изборот на следниот врховен лидер на Иран.

Трамп во интервју за новинската агенција „Аксиос“ изјави дека сака да биде вклучен во изборот на следниот лидер на Иран и го нарече синот на ајатолахот Али Хамнеи „неприфатлив“ потенцијален избор.

„Синот на Хаменеи е неприфатлив за мене“, рече Трамп за Моџтаба Хаменеи, 56-годишниот син на врховниот лидер, кој беше убиен на првиот ден од војната.

Потоа тој ја спореди својата вмешаност во изборот на нов лидер во Венецуела откако Американците го киднапираа Николас Мадуро и го одведоа во САД на судење.

„Морам да бидам вклучен во назначувањето, како што беше случајот со Делси во Венецуела“, рече Трамп, осврнувајќи се на вршителот на должноста претседател на јужноамериканската земја.

Трамп додаде: „Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“.
The post Трамп верува дека мора да биде вклучен во изборот на новиот ирански лидер: „Исто како во Венецуела“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: