Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на неговата царинска политика е зајакнување на домашното производство на тенкови и технологија , а не на патики и маици, објавија денес агенциите.Како што објави Ројтерс, Трамп им рече на новинарите во Њу Џерси , каде што го помина поголемиот дел од викендот, дека се согласува со коментарот на министерот за финансии Скот Бесант дека на Америка не ѝ е потребна претерано развиена текстилна индустрија, што предизвика критики од Националниот совет за текстилна индустрија.„Нашата цел не е да произведуваме патики и маици. Сакаме да произведуваме воена опрема. Сакаме да произведуваме големи работи, вештачка интелигенција, чипови и компјутери, тенкови и бродови“, рече американскиот претседател.Претставниците на текстилната индустрија изјавија дека царините не се добри за нивниот сектор, посочувајќи дека 97 проценти од облеката и обувките во САД веќе се увезуваат.Во петокот, Трамп повторно ја заостри реториката за воведување царини, ветувајќи дека од 1 јуни царините за стоки од ЕУ ќе изнесуваат 50 проценти, но потоа го продолжи тој рок до 9 јули за да остави повеќе време за преговори со Унијата, потсети Ројтерс.
Пронајдете не на следниве мрежи:



