Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека венецуелската потпретседателка Делси Родригез ќе плати уште повисока цена од венецуелскиот лидер Николас Мадуро ако не донесе „правилни“ одлуки.
„Ако таа не го стори правилното, ќе плати многу висока цена, можеби дури и повисока од Мадуро“, изјави Трамп за списанието „Атлантик“.
Американскиот лидер јасно стави до знаење дека нема да толерира она што го опиша како нејзино пркосно отфрлање на американската воена интервенција што резултираше со апсење на Мадуро.
Трамп, исто така, рече дека на Соединетите Држави им е потребна контрола врз Гренланд за одбранбени цели.
„Апсолутно ни е потребен Гренланд. Ни е потребен за одбрана“, рече Трамп.
Трамп во саботата изјави дека САД нема да распоредат трупи во Венецуела ако потпретседателката Родригез го стори она што го сака Вашингтон. Исто така тој изјави дека таа е подготвена да соработува со Соединетите Држави.



