четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп за Фокс Њуз: Русија го украде американскиот проект за хиперсонични ракети за време на мандатот на Обама

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија го украде проектот за хиперсонични ракети од САД за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.

Според него, тоа се случило поради „протекување документи“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Русија го украде проектот, тие го добија од нас. Некој лош човек им го даде проектот… Тие го украдоа за време на администрацијата на Обама, а не на Бајден. Иако тие очигледно украдоа многу од Бајден, ќе слушнеме и за тоа, рече американскиот претседател.

Трамп, исто така, најави дека САД ќе развијат суперсонични ракети кои ќе бидат „многу подобри“ од руските.

Поврзани вести