Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес телефонски разговараа за американските воени операции во Персискиот Залив, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
За време на разговорот, Нетанјаху ги истакна „непријателските изјави“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер ја нагласи потребата Израел да одржува тампон зони по должината на своите граници.
Покрај тоа, тие разговараа за напредокот во повлекувањето на Израел од таканаречените „пилотски зони“ во Либан, над кои либанската армија ќе ја преземе контролата.
Двајцата лидери се согласија да продолжат со координацијата низ целиот регион, се додава во соопштението.
The post Трамп и Нетанјаху разговараа: Тие ја обликуваат судбината на Иран, дали тие ќе донесат конечна одлука за војната на Блискиот Исток? Нетанјаху се пожали на еден лидер appeared first on Во Центар.



