– Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, изјави дека Мексико ќе го запре протокот на мигранти откако разговараше со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум Пардо по неговите закани за царините претходно оваа недела, јавува Анадолу.„Само што имав прекрасен разговор со новата претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум Пардо. Таа се согласи да ја запре миграцијата преку Мексико во Соединетите Американски Држави, ефективно затворајќи ја нашата јужна граница“, рече Трамп на својата платформа „Truth Social“.Тој го опиша разговорот со Шејнбаум како „продуктивен“.„Разговаравме и за тоа што може да се направи за да се запре масовниот прилив на дрога во САД, а исто така и американското консумирање на овие дроги“, рече Трамп.Во последователен пост новоизбраниот американски претседател рече: „Мексико ќе ги спречи луѓето да дојдат до нашата јужна граница, ефективно веднаш. Ова ќе помогне многу во стопирањето на илегалната инвазија на САД. Ви благодарам!!!“Во понеделникот Трамп вети дека ќе воведе царини за Канада, Мексико и Кина преку извршни наредби што планира да ги потпише на својот прв ден на функцијата како одмазда за, како што рече, нивната вмешаност во протокот на смртоносниот фентанил и мигранти во САД.„На 20 јануари, како една од многуте мои први извршни наредби, ќе ги потпишам сите потребни документи за да им наплатам на Мексико и Канада 25% тарифи за СИТЕ производи што доаѓаат во Соединетите Американски Држави и нивните смешни отворени граници“, рече тој во една од сериите објави на „Truth Social“.Мексиканската претседателка потврди дека разговарала со Трамп, велејќи дека му ја објаснила сеопфатната стратегија што Мексико ја следи со цел да се справи со миграцијата, притоа почитувајќи ги човековите права.„Благодарение на ова, на мигрантите и на караваните им се помага пред да стигнат до границата. Повторуваме дека ставот на Мексико не е да ги затвора границите, туку да гради мостови меѓу владите и меѓу народите“, напиша таа на X.
Пронајдете не на следниве мрежи: