четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп на мета на американските држави, дури 12 се кренаа против него: Стигнаа силни реакции по сè што направи!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дванаесет американски држави во средата поднесоа тужба до американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк против царинската политика на претседателот Доналд Трамп.Во тужбата се наведува дека трговската политика на Соединетите Држави „сега зависи од каприците на претседателот“, наместо од совесното и законско вршење на неговите овластувања.„Со узурпирањето на моќта да наметне масивни и постојано променливи тарифи за секоја стока што влегува во САД по негова дискреција, од која било причина што тој ќе одлучи дека претставува вонредна состојба, претседателот го собори уставниот поредок и донесе хаос во американската економија“, се наведува во тужбата.Устав во прашање – Конгресот игнорира, измислува тарифиТужителите тврдат дека, според Уставот на САД, само Конгресот има моќ да одредува даноци и тарифи, а не претседателот. Откако ја презеде функцијата, Трамп најави серија на далекусежни увозни царини кои испратија шокови низ берзите и финансиските пазари ширум светот.На почетокот на април, тој објави дека САД воведуваат сеопфатни тарифи од најмалку 10 отсто за целиот увоз во земјата, плус дополнителни давачки за бројни трговски партнери.Иако многу од планираните тарифи се суспендирани на 90 дена за преговори, специјалните царини до 145 отсто остануваат на сила за кинеските стоки. Пекинг возврати со контрамерки – царини до 125% за американските производи.Кои се бунтовниците?Тужбата беше поднесена од следните сојузни држави: Орегон, Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Мејн, Минесота, Ново Мексико, Њујорк и Вермонт – сите со демократски гувернери – како и две републикански: Аризона и Невада.„Претседателот нема овластување произволно да наметнува тарифи како што тоа го правеше овде“, се наведува во соопштението на барањето.Калифорнија во соло офанзива – предупредува ММФМинатата недела, сојузната држава Калифорнија, исто така, поднесе посебна тужба против огромните тарифи на Трамп пред федералниот суд.

Поврзани вести