Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција на преговори меѓу Русија и Украина, објави вечерва Ројтерс, повикувајќи се на неименуван американски претставник.
Трамп претходно денеска изјави дека се уште размислува дали да оди во Истанбул, иако неговиот распоред на посети и разговори е исполнет, како дел од неговата тековна турнеја на Блискиот Исток, а утре треба да биде во Обединетите Арапски Емирати.
Американскиот претседател додаде дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин би сакал тој да присуствува на преговорите во Турција.



