четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп откри детали од разговорот со Путин: Одлучно ми рече дека ќе одговорат на украинските напади

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На социјалната мрежа Трут соушл, Трамп го оцени разговорот со Путин како добар, но не и таков што веднаш ќе доведе до брзо решение за мир
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека денеска час и 15 минути телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

На социјалната мреежа Трут соушл, Трамп го оцени разговорот со Путин како добар, но не и таков што веднаш ќе доведе до брзо решение за мир.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Разговаравме за украинскиот напад врз руски авиони и за разни други напади што се случуваат на двете страни“, напиша Трамп.

Американскиот претседател посочува и дека Путин решително му рекол оти Русија ќе мора да одговори на неодамнешниот украински напад на аеродромите.

„Зборувавме и за Иран и дека времето истекува за Иран да донесе одлука за нуклеарно оружје, дека тоа треба да го направи брзо. Му кажав на Путин дека Иран не може да има нуклеарно оружје и верувам дека се договоривме за тоа“,

вели Трамп.

Како што додава, Путин му предложил да учествува во преговорите со Иран и дека може да биде од помош за нивно брзо завршување.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потврди дека Путин и Трамп денеска имале телефонски разговор, но не соопшти повеќе детали.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предлага прекин на огнот додека не се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

Инаку, втората рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, што се одржа на 2 јуни во Истанбул, заврши за околу еден час.

На преговорите им претходеше голем украински напад со беспилотни летала врз руските воздухопловни сили и стратешките бомбардери.

Поврзани вести