четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите во САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт на нивото што го плаќаат другите земји со високи приходи, што, според него, ќе биде од 30 до 80 проценти помалку, објави Ројтерс.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека ќе потпише извршна наредба за спроведување на таканаречено одредување цени на „најповластена нација“ или меѓународно референтно одредување цени.Соединетите Американски Држави плаќаат најмногу во светот за многу лекови на рецепт, честопати речиси три пати повеќе од другите развиени земји, истакнува Ројтерс. Трамп рече дека сака да го елиминира овој јаз, но јавно не прецизираше како и не даде детали во својата објава.

Поврзани вести