четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп: Разговарав со Путин, тој вети дека ќе одговори на нападот на Киев врз руските аеродроми

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп. Според американскиот претседател, рускиот лидер ветил дека Русија ќе одговори на неодамнешниот напад на Киев врз руските аеродроми. Трамп рече дека разговорот со Путин бил позитивен, но „не таков што ќе доведе до моментален мир“.

„Тукушто завршив телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Разговорот траеше околу еден час и 15 минути. Разговаравме за украинскиот напад врз руските авиони, како и за разни други напади што се случуваат од двете страни. Беше добар разговор, но не таков што ќе доведе до моментален мир“, напиша Трамп на својата „Truth social“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што истакна, Путин рече, и тоа многу цврсто, дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите. „Разговаравме и за Иран и дека времето истекува за Иран да донесе одлука за нуклеарно оружје, и дека таа мора да се донесе брзо! Му кажав на претседателот Путин дека Иран не може да има нуклеарно оружје и верувам дека се согласивме за тоа. Претседателот Путин понуди да учествува во преговорите со Иран и дека можеби ќе биде корисно тие брзо да се завршат. Според мене, Иран одолговлекува по ова многу важно прашање и многу брзо ќе ни треба дефинитивен одговор!“, заклучи Трамп.

Порпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потврди дека Путин разговарал со Трамп.

Поврзани вести