Трамп разговарал со кинескиот претседател

Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа по телефон, објави Кинеската централна телевизија.

„Кинескиот претседател Си Џинпинг разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп вечерта на 5 јуни (по пекиншко време)“, се вели во соопштението на телевизијата.

Разговорот се одржа на иницијатива на шефот на Белата куќа. Деталите од разговорот сè уште не се објавени. Претходно, Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори во Белата куќа, објави дека Вашингтон го смета разговорот меѓу лидерите на двете земји како неопходен следен чекор за продолжување на трговските преговори.

Пронајдете не на следниве мрежи: