четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп: Русија треба повторно да биде примена во Г7

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Групата седум (Г7), оценувајќи го за погрешно протерувањето на Москва од Групацијата.

„Би сакал да се врати. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, ова не е прашање дали ја сакаме или не ја сакаме Русија. Тоа беше Г8. Мислам дека и Путин би бил среќен да се врати“,рече Трамп.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Руската Федерација беше членка на тогашната Г8 – Групата на осумте водечки на индустријализирани земји, но беше исклучена од групата по нејзината анексија на украинскиот регион Крим во 2014 година.

Оттогаш, групата (Г7) е составена од седум држави – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави (САД).

На коментарите на Трамп засега нема реакција од Канада, која е претседавач со Г7 оваа година.

Поврзани вести