четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп сега вели дека не се сеќава да го нарекол Зеленски „диктатор“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп, одговарајќи на прашања за медиумите во Овалната соба во Белата куќа, денеска рече дека не верува оти го нарекол украинскиот претседател Зеленски „диктатор“, пренесува „Индепендент“.

Трамп пред неколку дена жестоко ги нападна Зеленски и Европската унија, нарекувајќи го украинскиот претседател „диктатор без избори“, во алузија на статусот на Зеленски како воен претседател, кој останува на функцијата и без да се одржат избори.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Тој е диктатор без избори, подобро нека дејствува брзо или ќе остане без држава“, изјави Трамп на 19 февруари.

Но, денеска, запрашан дали мисли дека Зеленски е диктатор, Трамп одговори:

„Јас сум го кажал тоа? Не ми се верува да сум го кажал тоа. Следно прашање“.

Поврзани вести