четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп се огласи по веста дека Бајден има рак

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако објави дека неговиот претходник, Џо Бајден, има рак.„Меланија и јас сме тажни поради неодамнешната дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли и најдобри желби на Џил и семејството, а на Џо му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп.Да ве потсетиме дека на поранешниот американски претседател Џо Бајден му беше дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, а ракот се прошири на неговите коски.„Минатата недела, претседателот Џо Бајден беше прегледан за нов наод на јазол во простатата откако доживеа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата, карактеризиран со Глисонов скор од 9 (Група 5) со коскени метастази“, се вели во соопштението.Бајден и неговото семејство „разговараат за опциите за лекување со неговите лекари“, се вели во соопштението.

Поврзани вести