четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп тврди дека Кина го крши трговскиот договор со Америка: „Повеќе нема да бидам фин со нив“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Кина го прекршила трговскиот договор меѓу двете земји, со кој билатералните тарифи се намалени на 10 проценти за американската стока и 30 проценти за кинеската стока.„Пред две недели, Кина беше во сериозна економска опасност! Многу високите царини што ги воведов ѝ направија речиси невозможно на Кина да тргува на американскиот пазар, кој е убедливо пазар број еден во светот“, напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.Како што тој понатаму истакна, прекинот на трговијата беше „разорувачки“ за Кина.„Многу фабрики беа затворени, а имаше и, благо речено, „граѓански немири“. Bидов што се случува и не ми се допадна – заради нив, а не заради нас. Брзо склучив договор со Кина за да ги спасам од она што мислев дека ќе биде многу лоша ситуација, и не сакав да видам како тоа се случува. Поради тој договор, сè брзо се стабилизираше и Кина се врати во нормала“, рече тој.Тој го нарече тоа „добра вест“ за која „сите беа задоволни“, но во остатокот од објавата рече дека договорот пропаднал.„Лошата вест е дека Кина, можеби не е изненадувачки за некои, целосно го прекрши договорот со нас. Нема повеќе да бидам толку љубезен кон нив“, рече Трамп.Да ве потсетиме дека по неколку рунди зголемување на царините, САД и Кина ги намалија царините на 30 проценти за кинеските стоки и 10 проценти за американските стоки.Сепак, ако треба да се верува на зборовите на Трамп, се чини дека договорот пропадна.

Поврзани вести