Трансродната водителка на Евровизија за втората полуфинална вечер носеше посебен фустан – испрати моќна порака

Една од најпознатите јутјуберки на светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Џагер (27), попозната под јутјуб името „НикиТуторијалс“ синоќа ја водеше втората полуфинална вечер од Евровизија во Ротердам.
Познатата холандска шминкерка Ники е една од водителките на овoгодишната Евровизија која се одржува во Ротердам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)


Имено, славната јутјуберка е родена како маж, а синоќа им оддала почит на трансродните личности.
„Чест ми е да ги претставам боите на трансродното знаме на својот фустан кој ќе го носам во текот на втората полуфинална вечер на Евровизија“, напишала шминкерката под објавата на која позира во црн, долг фустан покриен со кристалчиња во розова, сина и бела боја.
„Изгледаш многу убаво“, „Неверојатна си“, „Навистина си совршенa“, „Изгледаш како сирена“, се само дел од коментарите кои ги добила под фотографијата.
Дизајнерите кои го креирале фустанот откриле дека им биле потребни околу 200 часа за рачно да ги вткаат сите кристалчиња на фустанот.


Да ве потсетиме, Ники на почетокот на минатата година ги изненади луѓето ширум светот со своето признание дека се родила како маж и дека со години живее како трансродна личност.
Полот целосно го сменила до својата 19-та година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.