четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трговски центар ќе никне на местото кај руинираниот дом „Ранка Милановиќ“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од мини-депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ, каде со години стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства, објави Телма.

„Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и според ДУП кој е во изработка. Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти. Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти“, изјавиле од општина Гази Баба за телевизијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Додека Општината бара земјиштето од образовна да добие комерцијална намена и на локацијата да никне деловен објект, односно трговски центар, од Министерството за труд и социјала најавија дека семејствата ќе бидат сместени на друга локација. Според податоците од Министерството, таму сега живеат околу 70 до 80 лица, за кои планот е да се згрижат во Чичино село.

„Во моментов се обезбедуваат и дополнителни сместувачки капацитети во Чичино Село, каде што ќе бидат згрижени лицата од Ранка Милановиќ, со цел да им се обезбедат посоодветни услови за сместување и грижа. По завршувањето на овие активности и по создавањето на потребните урбанистички предуслови, ќе може да се пристапи кон следната фаза на трансформација на локацијата“, изјавија од таму.

Поврзани вести