МАКРОН/БАЈДЕН: Треба повторно да станеме браќа по оружје

Францускиот претседателот Емануел Макрон, за време на државната посета на Вашингтон, денеска оцени дека Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје“, соочени со војната во Украина и „повеќето кризи“.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа примени со големи почести во Белата куќа од американскиот претседател, Џо Бајден.

„САД не можеа да бараат подобар партнер за соработка од Франција“, рече американскиот претседател во кратката изјава покрај францускиот претседател, нагласувајќи дека сојузот со Франција останува „суштински“ за стабилноста во светот.

Бајден ги поздрави, на француски, вредностите на „слободата, еднаквоста и братството“ со тоа што со голема помпа го пречека претседателот Макрон во Белата куќа.

Двете земји „се најсилните сојузници бидејќи ова пријателство е вкоренето низ вековите“, рече Макрон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.