“Тревор“ и “Вероника“ евакуираа илјадници Австралијанци

Илјадници Австралијанци се евакуираат пред ударот на два силни циклони кои се најавени за викендов, а би можеле да бидат разорни. Во текот на викендот северот на Австралија ќе биде погоден од силниот циклон “Тревор“, додека циклонот “Вероника“ ќе го погодин западниот дел на земјата. Се очекуваат силни ветришта , дожд и големи бранови.
Жителите од овие подрачја се предупредени дека надоаѓа големо невреме со поплави, па илјадници се евакуираат. Ова е втор пат во историјата метеоролозите во Австралија да најават два циклона во ист ден.
Според очекувањата “Тревор“ во сабота наутро ќе го погоди северот на државата , каде се очекува за еден ден да наврне дожд колку што врне за цела година. Циклонот “Вероника“ ќе го погоди северозападниот брег меѓу сабота попладне и недела наутро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.