На мечот меѓу Реал Мадрид и Валенсија, Винисиус намерно беше шутнат од Габриел Паулиста кој доби директен црвен картон поради примитивниот потег.
Чави го прокоментира стартот на Габриел Паулиста и побара судиите да ги заштитуваат играчите како Винисиус.
„Винисиус е фудбалер кој е екстремно добар во ситуациите еден на еден и тоа ги тера противниците да бидат поагресивни. Истото му се случуваше и на Нејмар тука. Судиите и арбитражниот комитет мора да работат на заштита на ваквите фудбалери во овие ситуации“, рече Чави.