Новак Ѓоковиќ моментално е во Индијан Велс каде ќе се обиде да стигне до уште еден трофеј.
Новак ќе го игра натпреварот од третото коло на овој Мастерс во понеделник околу 20:00 часот против Американецот од српско потекло, Александар Ковачевиќ, а на тренингот на Ѓоковиќ во пресрет на овој дуел се случи интересна и необична сцена.
Блиската пријателка на Новак и една од најдобрите тенисерки на планетата, Арина Сабаленка , го прекина тренингот на Ѓоковиќ на начин за кој зборува целата планета.
Сабаленка реши да се шета по теренот како да е на модна писта, а збунетиот Ѓоковиќ потоа сакаше да сервира. Српскиот ас го виде својот пријател, па го откажа сервисот, се приклучи на шоу програмата и ја шутираше Арина со топката и предизвика насмевки кај сите присутни.
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а како изгледаше сето тоа можете да видите:
Using his practice court as a catwalk @SabalenkaA @DjokerNole #TennisParadise pic.twitter.com/vjKshVo0NR— Tennis TV (@TennisTV) March 8, 2026
Да потсетиме, Новак беше слободен во првото коло на Индијан Велс, додека во второто коло го победи Камил Мајшак по пресврт (4:6, 6:1, 6:2) .
Покрај сингл, Ѓоковиќ ќе игра и во двојки со Стефанос Циципас, а на теренот ќе излезе неколку часа по натпреварот против Александар Ковачевиќ. Ѓоковиќ и Циципас ќе играат против еден од фаворитите за освојување на Индијан Велс, Матео Павиќ (Хрватска) и Марсел
The post ТРЕНИНГОТ НА ЃОКОВИЌ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС Е ПРЕКИНАТ! Арина Сабаленка упадна на теренот: Сè запре во еден миг, планетата зуи за реакцијата на Новак! (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



