Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е лидер во сиромаштијата, криминалот и изолацијата

„Моментално, Македонија е лидер во најкриминалната влада, лидер во најниската минимална плата, лидер во тоа што граѓаните не можат да сврзат крај со крај со платата што ја примаат“, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“.

Тренчевска нагласи дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, Македонија денес е заостаната земја во секој сегмент – економски, институционален и европски, додека граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард и изолација.

„Моментално, Македонија е лидер во најкриминалната влада по делење тендери меѓу пријатели. Лидер е во најниската минимална плата, лидер е во тоа што граѓаните не можат да сврзат крај со крај со платата што ја примаат. Лидер е во тоа што сме единствени во регионот, можеби и пошироко, по тоа што немаме никакви антикризни мерки за граѓаните да имаат повеќе пари во семејниот буџет. Ние сме лидери во ова, а не лидери во која било реформа што владата ја манипулира и лаже, ниту пак сме лидери во која било политика што носи просперитет во земјата“, рече Тренчевска.

Тренчевска додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно манипулира и со спроведувањето на реформската агенда, обидувајќи се да ја прикаже како успех.

The post Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е лидер во сиромаштијата, криминалот и изолацијата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: