Трибина за состојбата со работничките права и со синдикатите

Левичарското движење „Солидарност” и Движењето за социјална правда „Ленка” во понеделник вечер во во Чаршиската библиотека во Стара чаршија ќе организираат трибина посветена на тековната состојба со работничките права и со синдикатите во Македонија.

„Состојбата со правата на работниците е катастрофална. Наспроти објаснувањата на синдикалните лидери дека социјалниот дијалог дава резултат, социјалниот дијалог само се користи за да се креира илузија дека синдикалните лидери прават нешто за работниците. Ретките подобрувања на работничките права се придружени со доста посуштински кратења на работничките права и многу често остануваат само празни зборови на хартија, како и многу други права на работниците. Исто така, ретките подобрувања не можат да го сокријат фактот дека многу работнички права остануваат намалени и укинати”, порачуваат организаторите.
Трибината е во склоп на Месецот на социјална правда и работничка борба, кој ќе кулминира со протест на Први мај во Скопје.
Макфакс
Левичарското движење „Солидарност” и Движењето за социјална правда „Ленка” во поне

Пронајдете не на следниве мрежи: