Лупењето компири е една од најпребирливите кулинарски задачи која бара време, труд и вештина. Сепак, нивната подготовка ќе биде многу поедноставна со овој стар, добар трик.
Како што вели порталот Life Hack, компирите можете да ги исчистите за само неколку минути, а треба да направите точно три чекори.
Прво ставете вода во вокал да зоврие. Потоа убаво измијте ги компирите и потсечете ги на половина на површината (не го вкопувајте ножот многу длабоко).
Истурете ги компирите во тенџере, додадете зовриена вода од бокалот и варете додека не се готови, околу 20 минути. Истурете ја водата, па додадете ладна вода и оставете ги компирите да отстојат минута-две. Компирите лесно ќе ги ислупите само со влечење на лушпата со прстите.
Погледнете го видеото и следете ги деталните упатства: