Трик за убавина: Миење на лицето со газирана вода

Користењето на газирана вода како дел од третман за чистење на лицето и ставање на истата во маските за лице и тонерите се честа пракса во Јапонија и Кореја.
Газираната вода ги содржи следните благотворни својства:
Содржи иста pH вредност како и вашата кожа: pH вредноста на водата од чешма е 7, додека газираната вода има pH вредност 5,5 – истата вредност како и кожата на лицето, со што не предизвикува иритации. 
Ги чисти порите и ги намалува иритациите: газираната вода ги отстранува нечистотиите и ги одзатнува порите. Резултат на тоа е длабинско чистење и спречување на појава на акни.
Ја подобрува циркулацијата: јаглерод диоксидот го доведува кислородот до ткивата на кожата, а со тоа се подобрува тонусот и лицето изгледа поздраво.
Дерматологот д-р Денди Енгелмен го поддржува овој третман на чистење на лицето и објаснува како газираната вода создава поздрав тен:
“Газираната вода на собна температура почнува да се шири и ги отвора крвните садови, што помага во тоа залихите на крв да стигнат до ткивата на кожата”.
Доколку сакате да го испробате овој метод на чистење на лицето, следете ги следните чекори:
1. Исплакнете го лицето со газирана вода или задржете го здивот и “зануркајте” во чинија полна со вода во рок од 10 секунди.


2. Измасирајте го лицето со средство за чистење.
3. Исплакнете повторно со газирана вода.
4. Пред нанесување на хидратантна крема, истапкајте го лицето со крпа.
Д-р Енгелмен не препорачува миење на лицето со газирана вода секој ден, така што практикувајте го овој третман 2-3 пати неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.