Трик: Како за 90 секунди да го излечите вашето скршено срце

Некои раскинувања се исклучително болни додека други се минливи, но едно е сигурно – кога излегуваме од врска, најчесто самите се оневозможуваме да продолжиме понатаму.

Најчест виновник за тоа се нашите мисли. Наместо да размислуваме на убави работи, нашиот мозок постојано се врти во круг и се полни со негативни мисли кои го отежнуваат процесот.

Иако знаеме дека не треба тоа да го правиме, ние не можеме да си помогнеме – или можеме?

Невропсихијатарот Ден Сигел вели дека за лекување на скршеното срце ви се потребни само 90 секунди.
“Со цел да го ослободите својот ум, мора да заборавите на своите мисли и да создадете нови”.

Истражувањата покажуваат дека ви се потребни само 90 секунди со цел да се префрлите од едно расположение во друго. размислувате на партнерот, брзо ќе го истренирате вашиот мозок и ќе го претворите во машина за позитивни мисли.

“Кога почнувате да се “гушите” во депресивни мисли, дајте си 90 секунди и направете 15 длабоки вдишувања и издишувања”, советува Сигел. “Во тие 90 секунди немојте да размислувате на личноста која ве повредила ниту пак за ситуацијата која ве мачи”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.