Трипати поголем ризик од реинфекција со омикрон

Од новата варијанта на коронавирус омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот сој делта и бета сојот на вирусот, соопштија денеска група јужноафрикански здравствени тела.
Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, соопштија дека најновите наоди „обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на омикрон да го избегне имунитетот од претходни инфекции“.
Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.