Опозицијата не треба да шпекулира, само околу 50 договори што се во фаза на имплементација се стопирани.
„Прекинувањето на процедурите е од наша страна, откако ќе го провериме целиот процес во Агенцијата, ИПАРД средствата ќе продолжат да се спроведуваат“, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во „Сител“.
Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицискиот СДСМ дека ЕУ ги суспендирала средствата за ИПАРД.
„Она што го шири опозицијата, дека ќе бидат запрени средствата од ИПАРД, дека средствата ќе бидат изгубени итн., не е вистина“, нагласи министерот.Трипуновски нагласи дека само институциите на земјата проверуваат што се случило во Платежната агенција.
„За информација на гледачите, програмата ИПАРД 3 е за периодот 2021-2027 година, имаме на располагање 128 милиони евра, кои се распределуваат континуирано секоја година за имплементација. Она што е имплементирано од програмата ИПАРД 3 се 453 договори кои веќе се во завршна фаза, само околу 50 договори се во фаза на имплементација и само тие договори се моментално забранети за верификација“, објасни тој.
„По проверката, ќе го информираме Брисел и Агенцијата ќе продолжи со тековните активности, а деновиве ќе назначиме и нов директор на Агенцијата“, најави министерот.
The post Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата да го разјасни случајот со Агенцијата за плаќање appeared first on Во Центар.



