Три едноставни начини како да ја ублажите пролетната алергија

Дури 30% од светското население е погодено од алергии, а овој процент постојано расте. Оваа претерана реакција на имуниот систем на луѓето на изложеност на супстанци кои кај повеќето луѓе не предизвикуваат реакција, може да се ублажи со секојдневни активности.
Туширање пред спиење
Доколку минувате подолго време на отворено, е не сте се истуширале пред спиење, постои можност поленот да остане на вашата постелнина и во текот на ноќта да бидете изложени на алерген.


Тренинг во затворен простор
Доколку сте утрински тип и повеќе сакате тренинзи во тоа време од денот, треба да знаете дека концентрацијата на полен е најголема во периодот од 5 до 10 часот наутро. Затоа, размислете за тоа дали да вежбате во затворен простор или да го промените терминот.
Редовно чистење на животниот простор
Постелнината треба да ја перете на 90 степени за да ги елиминирате сите честици на полен. Барем двапати неделно треба да чистите со правосмукалка и редовно да бришете прашина, бидејќи на тој начин се намалува присуството на полен во просторијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.