Жестока тепачка на три жени се случувала синоќа во Кочани, причината е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој, емоционално и физички бил помеѓу жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25, јавува ТВ Стар. Извесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица.
Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.
Извор: ТВ СТАР